Јувентус веќе размислува на зимскиот трансфер период, па тимот од Торино со сите сили ќе се упати кон питписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека италијанскиот гигант повторно се насочува кон Антони Марсијал за кого интерес покажуваше и во минатото.
Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.
Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Јувентус ќе се обиде во јануари да го доведе на позајмица со право на откуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА