Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал сака да остане во клубот до лето и не е заинтересиран да го напушти „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.
Како што објави Скај, Марсијал ги одбил понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија бидејќи сака да се бори за место во тимот на Ерик тен Хаг.
Раководството на клубот разговарало со Марсијал и неговиот менаџер и тешко дека ќе биде активирана клаузулата за продолжување на соработката за уште една година. Договорот на 28-годишниот француски фудбалер истекува на 30. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА