Челси ја загуби титулата во Премиер – лигата, а грчевито се бори и за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Но, раководството веќе размислува за новите засилувања кои треба да пристигнат на „Стемфорд бриџ“ во летниот преоден рок. Едно од имињата кои се на списокот е и Антони Марсијал, крилниот играч на Манчестер јунајтед. Тој нема доволна минутажа кај Жозе Мурињо и најверојатно ќе си замине од „Олд трафорд“, а Челси сака тоа да го искористи и да го доведе во Лондон.
Челси е подготвен да плати 50 милиони фунти за овој трансфер. Покрај „сините“ од Лондон, за Марсијал се заинтересирани и Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА