Олимпик Марсеј успеа да врзе три победи од почетокот на месец март, со што овој француски гигант јасно покажа дека резултатската криза што траеше во февруари е дефинитивно минато за клубот од „Велодром“.
Вечерва Олимпик на домашен терен го пречека Оксер, тим што одлично парираше, но сепак еден гол на фаворитот беше доволен за бодовите да останат во Марсеј.
Клучна се покажа 79. минута, кога по една акција од левата страна топката стигна до Гуири, а голгетерот на Олимпик со прекрасен волеј го постигна победничкиот погодок.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

