Мартим Кошта: Ќе мораме да бидеме многу сериозни за победа над Македонија

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Не е никаква тајна, играта на Португалија речиси целосно зависи од браќата Мартим и Кико Кошта, двајца ракометни генијалци кои оставаат се подлабока трага на големите натпреварувања, како на репрезентативен, така и на клупски план.

Цел на нашата одбрана сигурно ќе биде да ги неутрализираме најдобро што можеме овие двајца ракометни генијалци, а Мартим Кошта со респект гледа на македонската репрезентација.

„Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот со Данска, одиграа добро прво полувреме и добро парираа на Данците. Ќе мораме да бидеме многу добри ако сакаме победа над нив. Секако, ние сме фаворити на тој натпревар и имаме доволно квалитет за да победиме, но ќе мораме да бидеме многу сериозни затоа што Македонија е навистина добра репрезентација. Очекувам тежок натпревар, потежок отколку дуелот со Романија. Македонија има повеќе добри играчи и играат поразновидно“, вели Мартим Кошта. 

Се вчитува...