Легендарниот аргентински фудбалер Мартин Демикелис ќе го има својот прв тренерски ангажман во шпанската Ла Лига, откако поранешниот играч на Баерн Минхен потпиша договор со Мајорка.
Договорот е со важност до крајот на сезонава, со автоматско продолжување за уште една година ако Мајорка успее да обезбеди опстанок во елитното шпанско фудбалско друштво. Овој тим моментно се наоѓа на 18. место на табелата кое води во втората лига, а Демикелис своето деби ќе го има викендов на домашен терен против Реал Сосиедад.
Аргентинецот по завршувањето на играчката почна успешна тренерска кариера како предводник на Ривер Плејт, тим со кој освои три трофеи во сезоната. Потоа Демикелис се пресели во мексико каде го водеше тимот на Монтереј, а работата во Мајорка ќе биде прв ангажман во европскиот фудбал за 45-годишниот Аргентинец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

