Мартин е новиот шампион во Мого ГП, пирова победа на Бањаја

Хорхе Мартин од Шпанија е новиот првка во Мото ГП шампионатот откако успеа да ја одбрани предноста што ја имаше во однос на бранителот на трофејот, Италијанецот Пеко Бањаја во пресрет на денешната трка што се возеше на патеката Каталуња крај Барселона.

Бањаја извозе перфектно, водејќи од почеток до крај, но не успеа да ги надополни големите 19 бода негатива што го имаше во однос на Мартин во пресрет на оваа трка. Шпанецот извозе рутински, без преголеми ризици, па со освоеното трето место денеска се искачи на тронот во Мото ГП шампионатот, станувајќи вкупно 3. првак во „кралската категорија“.

Интересно, ова беше 11. победа на Бањаја сезонава, Мартин имаше само три во текот на целиот шампионат, но Шпанецот возеше константно цела сезона, ги користеше грешките на големиот ривал и на крајот заврши пред него во генералниот пласман.

Мартин стана петтиот шпански мотоциклист што стигнал до титулата во елитната класа, следејќи ги стапките на Алекс Кривиј, Жорге Лоренцо, Марк Маркез и Жоан Мир.

Се вчитува...