Мартин Ѓоргиевски потпиша за Брно од Чешка

Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на Брера, Мартин Ѓоргиевски е нов играч на чешкиот второлигаш Збројовка Брно. Играчот од средниот ред потпиша повеќегодишен договор, и ова за него е прв интернационален предизвик во кариерата.

Ѓоргиевски е најавен како големо засилување за овој тим, кој има амбиции за враќање во „елитата“ на Чешка во оваа сезона.

„Ѓоргиевски е еден од најголемите таленти на својата генерација во својата земја. Има 20 години, има одиграно преку 80 натпревари во Првата лига, и го предводеше својот тим како капитен. Благодарение на неговата разноврзност и играње на позициите 8 и 10, тој се смета за ветувачки играч“, рече Мартин Јиранек, спортскиот директор на чешкиот тим.

Вардар, полскиот Раков, Пафос од Кипар и шкотскиот Данди пројавија интерес за играчот од средниот ред, но на крајот тој се одлучи за Чешка.

„Преселбата во брно е голем чекор во мојата кариера. Чешкиот фудбал има одличен квалитет, и би сакал да се пласирам со тимот во најсилната лига. Брно ми изгледа како убав град, верувам дека ќе бидам среќен тука“, рече Ѓоргиевски.

 

Се вчитува...