Мартин Карапалевски од Вардар се сели во шпанската АСОБАЛ лига!

Мартин Карапалевски од следната сезона стартува прв свој интернационален предизвик, потпишувајќи договор со шпански Ваљадолид.

Средниот бек на Вардар, се одлучи да ја продолжи својата кариера во АСОБАЛ лигата, во клубот каде тренер е Давид Писонеро кој извесен период мина и на клупата на Вардар добро познавајќи ги неговите квалитети.

Карапалевски веќе потпиша двегодишен договор со Ваљадолид, со можност за продолжување на уште една сезона потоа. Ракометарот на Вардар ќе биде трет Македонец во АСОБАЛ лигата по Димитар Димитриоски, кој исто така е во Ваљадолид, како и Дарко Димитриевски кој од јуни ќе биде дел од Аликанте.

Ваљадолид во моментов со 23 бода е на 7. место во АСОБАЛ лигата, само четири бода помалку од Адемар Леон, кој е на 5. место, последно што води во Лигата на Европа следната сезона.

Се вчитува...