Мартин Манасков потпиша со лидерот во шампионатот на Австрија

Maкедонскито ракометар Мартин Манасков кој последниве сезони успешно настапуваше за Тиквеш, потпиша договор со австрискиот шампион и лидер во првенството Алпла Хард.

Договорот е до крајот на тековната сезона, а Манасков веќе е дел од екипата која има богата традиција во австрискиот ракомет и редовно учествува во европските купови.

„Случајно се отвори трансфер можност и завршив во Хард. Процесот беше брз, но ефикасен и немаше компликации. Благодарен сум за довербата од клубот. Ова го гледам како одлична можност да се тестирам себеси. Можам бргу да се адаптирам и многу сум мотивиран. Секогаш се обидувам да придонесам со позитивната енергија. Едвај чекам на овие следни неколку месеци“, изјави Манасков.

Се вчитува...