Мартин Мирчевски и во 10. коло од Првата македонската фудбалска лига е херојот на Академија Пандев, со два гола носејќи пресврт-триумф за „пандевци“ на дербито против Шкендија во Струмица.
Мирчевски со најновите два погодоци ја предводи листата на најдобрите стрелци во Првата лига.
Веднаш зад него е и најдобриот фудбалер на Ренова, Ремзифаик Селмани со осум гола, пред Марјан Алтипармаковски од Брегалница, кој по вчерашните два сега има вкупно седум погодоци. Со по шест гола се Љупче Дориев од Шкендија и Ермедин Адем од Македонија ЃП.
Врвот на табелата во македонскиот шампионат го чува Шкупи, кој вчера славеше со 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. На второто место е Ренова, пред Академија Пандев и Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА