Мартин Мирчевски играч на 11. коло во Србија

Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевскки со трите гола над Колубара, е прогласен за играч на 11. коло во Србија. Тој самиот ја донесе победата на својот тим ТСЦ Бачка Топола.

Фудбалерот со тоа добива 50.000 динари (околу 25.000 денари) кои ќе ги донира во хуманитарни цели.

„Наградата оди во рацета на Мирчевски, кој направи нешто што досега на ниту еден фудбалер на ТСЦ не му успеа – постигна хет трик во првата лига. Екипата ја совлада со 3-1 Колубара, и се што влезе во голот на гостинскиот тим, беше дело на Македонецот кој покажа зошто беше крал на стрелците во својата татковина“, се вели во објавата на српската Супер лига.

Се вчитува...