Македонскиот фудбалски интернационалец Мартин Мирчевски кариерата ќе ја продолжи во екипата на Железничар од Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите од оваа земја.
27-годишниот битолчанец ќе ја дели соблекувалната со Матеј Цветановски кој ова лето го комплетира трансферот од Брера во босанскиот клуб.
Минатите сезони Мирчевски настапуваше за ТСЦ за кој одигра 28 натпревари, даде девет гола и забележа три асистенции. Во македонскиот шампионат беше дел од: Брера, Вардар, Пелистер, Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА