Maртин најбрз на спринтот во Австралија, страотен судир на Беѕеки и Вињалес

Лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин, триумфираше спринт трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионат.

Шпанецот славеше со една и пол секунда пред Марк Маркез од Гресини, додека на третото скалило на подиумот се искачи Енеа Бастианини од Дукати, кој доцнеше нешто повеќе од три секунди зад лидерот. Актуелниот шампион Франческо Бањаја заврши како четврти.

Трката во Австралија ја одбележа и инцидентот што се случи пред самиот крај, поточно страшниот судир меѓу Марко Бецеки и Маверик Вињалес, кои во тој момент се бореа за петтата позиција.

Се вчитува...