Шпанецот Хорхе Мартин е победник на спринт трката на премиерното издание на трката за големата награда на Индија.
Возачот на Прамак Дукати на убедлив начин стигна до својата трета спринт победа сезонава. Второто место му припадна на актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Франческо Бањаја на Дукати, а подиумот го надополни Марк Маркез на Хонда.
Во бодови завршија уште и: Биндер, Безеки, Квартараро, Милер, Вињалес и Фернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА