Репрезентативецот Мартин Поповски на крајот од сезонава ќе го напушти мак-ракометот и ќе ја продолжи кариерата во Швајцарија, договарајќи ги условите за преселба во таборот на Амичитија.
Овој ракометар беше дел од тимот на Вардар што стигна до титулата во ЛШ, но минатото лето ги напушти „црвено-црните“ и потпиша за екипата на Пролет. Тој е еден од најдобрите ракометари на Пролет, помагајќи овој тим да се пласира во плејофот, но Поповски сепак се реши за првиот интернационален предизвик во кариерата.
Интересен за десното крило искажаа неколку клубови од лиги ширум Европа, но тој ја прифати понудата на Амичитија и летово ќе се пресели во Швајцарија. Тој во следните месеци останува во Скопје, во исчекување на конечна одлука за продолжување или целосен прекин на домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА