Легендарната швајцарска тенисерка Мартина Хингис го одигра својот последен меч во професионалната тениска кариера. Таа во двојка со Тајванката Јунг-јан Чан загуби во полуфиналето на завршниот турнир од сезонара против Тимеа Бабош и Андреа Хлавацкова. Таа заминува како најдоброрангирана со Чан на ВТА листата во двојки, по сезоната во која заедно освоија девет титули.
Поранешната најдобра светска тенисерка е најмладата на која и успеада застане на врвот, со свои 16 години во сега веќе далечната 1997 година, а освои 25 гранслем титутли, од кои 5 во индивидуална конкуренција, 13 во игра на двојки, и 7 во мешани двојки.
Хингис и во својата 37. година игра фантастичен тенис, но одлучи да се повлече со оглед дека нејзиното тело веќе не може да ги издржи напорите што ги носи професионалното бавање со овој спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА