Најпрво Арсенал постигна гол кој беше поништен поради прекршок, но немаше спас за Лестер во првата минута од вториот дел кога Мартинели успеа да стрела во мрежата на Лестер. Тросар од лево го најде Мартинели, кој откосо од тешка позиција погоди во мрежата.
Евертон се најде во уште понезависна ситуација за својот опстанок, откако на домашен терен загуби од Астон Вила. Вила со головите на Воткинс и Буендиа успеа да освои значајни бодови, и дополнително да се оддалечи од опасната зона, и да се вклучи во битката за Европа. Евертон со поразот повторно се најде во опасната зона.
Вест Хем за само 15 минути успеа да му даде четири гола на Нотингем Форест, и да го совлада со 4-0. Во 70. минута Ингс донесе водство, а истиот играч за две минути донесе 2-0. Рајс во 78. минута со прекрасен гол постигна трет гол, а Антонио во 85. минута го комплетираше „билцкригот“ на лондонските „чекани“.
Лидс со голот на Фирпо во 77. минута успеа да го совлада тимот на Саутемптон со 1-0 и да го „закова“ на последното место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

