Мартинез 10 месеци пред Мундијалот во Катар ја напушта Белгија и се враќа во Евертон?

Фудбалската асоцијација на Белгија се огласи по повод интересот на селекторот Роберто Мартинез да се врати во Евертон, и да го замени Рафаел Бенитез кој вчера доби отказ од клупата на овој Премиер-лигаш. Од Белгија велат дека нема да му прават проблеми на Мартинез доколку тој одлучи да ја прифати понудата.

Фановите на Белгија се изненадени од оваа одлука, со оглед дека ова доаѓа на 10 месеци пред Мундијалот во Катар. Ако се договори за „кам-бек“, тогаш Белгија ќе мора да бара нов селектор.

Мартинез беше во Евертон од 2013 до 2016 година, а веќе пет години е дел од селекцијата на Белгија. Токму во Мартинез, Евертон гледа како на човек кој може да го „крене“ клубот и да ги повтори успесите кои ги имаше за време на неговото менаџирање.

Се вчитува...