Мартинез до Роналдо: Изведи го ти пеналот, ако смееш

Промашениот пенал на Манчестер Јунајтед се уште е меѓу главните теми на „островот“, пред се поради фактот дека Оле Гунар Солскјер реши улогата на прв изведувач да му ја додели на Бруно Фернандеш, а не на Кристијано Роналдо.

Епилогот е веќе познат, Фернандеш го промаши пеналот во 92. минута со која можеше да му донесе бод на својот тим, а интересно беше однесувањето на голманот Мартинез пред ударот да биде изведен. Тој во мешаницата го предизвикуваше Роналдо: Изведи го ти пеналот, ако смееш…

За фановите на „црвените ѓаволи“ сигурно ќе беше подобро откако Португалецот „паднеше“ на оваа провокација и го шутнеше пеналот наместо Фернандеш.

Се вчитува...