„Мартинез е најголемиот ку*вин син во фудбалот“

Голманот на аргентинската репрезентација Емилијано Мартинез комплетно го разочара фудбалскиот свет со своето однесување за време на Мундијалот во Катар кое кулминираше по освојувањето на трофејот и добивањето на наградата за најдобар голман ан турнирот.

По мечот, Мартинез и не се каеше премногу за срамниот потег кратко објаснувајќи дека тоа го направил затоа што навивачите на Франција наводно го навредувале за време на финалето.

Но, Мартинез не се задржа само на срамниот потег со „златната ракавица“ туку во соблекувалната го прозва и Килијан Мбапе повикување на „минута молк за Мбапе“, а напаѓачот на ПСЖ го прозва и за време на славјето во Буенос Аирес.

Реакција на сето тоа однесување на Мартинез има од поранешниот француски репрезентативец Адил Рами. Искусниот дефанзивец кој во моментов настапува за Троја одлучи да реагира, кога веќе не реагира останатиот фудбалски свет.

„Најголемиот ку*вин син во фудбалот. Мартинез е срам за спортот и спортската игра. Тоа е човек кој е најомразен во фудбалот, клубовите и меѓу играчите“ – објави Рами на своите социјални мрежи.

Исто така порача дека ФИФА погрешила што Мартинез го прогласила за најдобар голман на Светското првенство, нагласувајќи дека наградата ја заслужил мароканскиот голман Боно.

Се вчитува...