Мартинез: Едвај се воздржав да не заплакам, победата ја посветувам на моите баба и дедо

Манчестер Јунајтед уште еднаш одигра најдобро кога беше најпотребно па во 12. коло од Премиерлигата забележа победа од 2-0 на „Олд Трафорд“ против Тотенхем. „Црвените ѓаволи“ ги надиграа „петлите“ и продолжија со одличните настапи против тимовите од горниот дел на табелата.

Еден од најдобрите играчи на домаќините беше стоперот Лисандро Мартинез чија игра публиката на „Олд Трафорд“ знаеше да ја препознае. Тој доби обации од најверните навивачи кои притоа скандираа „Аргентина, Аргентина“.

„Искрено со многу емоции го доживеав овој натпревар. Луѓе ова е еден од најголемите клубови во светот со најдобрите навивачи. Едвај се воздржав да не заплакам кога навивачите почнаа да пејат во моја чест. Ја посветувам победата на моите баба и дедо кои не се со нас повеќе, но тие секогаш веруваа во мене“, изјави Мартинез.

Се вчитува...