Астон Вила се пласираше во полуфиналето од Конференциската лига по пенал рулет против Лил во кој во центарот на вниманието одново беше аргентинскиот голман, Емилијано Мартинез кој успеа да добие и жолт картон провоцирајќи ги домашните навивачи на „Декатлон“ арената.
Ова не е прв пат Мартинез да го навлече бесот на Французите бидејќи претходно недолично се однесуваше и во големото финале на Светското првенство па доби критики и од својот поранешен соиграч во Арсенал, Самир Насри.
„Неговото арогантно однесување многу ме нервира поготово бидејќи порано не беше таков. Го знам од Арсенал кога беше уште млад. Тогаш беше повлечен, мирен, а сега ваквото однесување е неговиот заштитен знак“, изјави Насри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА