Мартинез херој, Аргентина преку пенали закажа финале со Бразил во Копа Америка (ВИДЕО)

Аргентина ќе го предизвика Бразил во финалето на годинашното издание на Копа Америка, откако во неверојатно возбудлив натпревар по изведување на пенали славеше над Колумбија со 3-2. По регуларните 90 минути натпреварот заврши 1-1, а херој за „гаучосите“ беше голманот Мартинез кој дури три пати успеа да ги спречи ударите на Колумбијците.

Во регуларниот дел Аргентина поведе преку Лаутаро Мартинез во 7. минута, додека на 1-1 израмни Дијаз во 61. минута.

Финалниот меч меѓу Аргентина и Бразил ќе се игра вечерта меѓу сабота и недела во 2 часот по полноќ на „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

 

 

Се вчитува...