Белгија и Италија вечерва ќе се сретнат во четвртфиналето на Европското првенство. Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез вели дека Италијанците играат убав и напаѓачки фудбал.
„Италија ќе нападне уште од првата минута. Тие ќе бидат организирани и динамични. Секој играч си ја знае неговата улога. Натпреварот со Португалија беше навистина тежок за нас и физички и психички. Среќа имавме доволно време за одмор и сега ја чекаме Италија подготвени“, изјави Мартинез.
Херојот од мечот против Португалија, Торген Азар вели дека Италија ќе биде најтешкиот противник досега за Белгијците.
„Италија ќе биде најтешкиот противник за нас досега. Имаат неверојатна низа на победи, а тоа ќе биде вистински предизвик за нас. Тие играат сличен фудбал како Португалија, што значи дека треба да ги искористиме нивните грешки. Дефинитивно нема да биде лесен натпревар“, вели Азар.
Натпреварот меѓу Белгија и Италија ќе се игра вечерва со почеток во 21 часот на „Алијанц арената“ во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА