Барселона во шокантен пресврт, остана без својот столб во одбраната Ињиго Мартинез. Шпанскиот фудбалер ја прифати понудата од Саудиска Арабија од тимот на Ал Наср, и во иднина ќе настапува за овој тим. Мартинез заминува како слободен агент, односно на Барселона нема да земе никаква отштета, иако неговиот договор е со важност до 2026 година.
Без никаква претходна најава, Мартинез договори трансфер во Ал Наср, и со тоа му отвори големи проблеми на тренерот Ханс Флик, кој ќе треба да бара негова замена, ако се има во предвид дека тој заедно со Кубарси беа главните стопери во изминатата сезона, во која Барса ја освои шампионската титула во Шпанија.
Сега покрај Кубарси, во Барселона централни дефанзивци останаа Андреас Кристенсен и Ерик Гарсија, но сигурно е дека „Каталонците“ ќе донесат уште некој на оваа позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

