Мартинез: Лукаку стрaшно ме разочара

Каде ќе заврши Ромелу Лукаку следната сезона останува отворено прашање. Белгискиот голгетер кој не е во плановите на Челси е се подалеку од договор со Интер, преговара со Јувентус, а постои интерес и од Саудиска Арабија.

На оваа тема сега говореше и неговиот доскорешен соиграч од редовите на Интер, Лаутаро Мартинез кој не ги штедеше зборовите за Беглиецот.

„Ромелу ме разочара. Го барав неколку пати од моментот кога се дозна за интересот на Јувентус, но не ми се јави. Слушам дека не им се јавува ни на другите играчи на Интер, а беше дел од нас до вчера. Разочаран сум бидејќи имавме многу заеднички сиутации. Меѓутоа тоа е негов избор. Му посакувам се најдобро и покрај тоа што не очекував такво однесување“, вели Мартинез.

Се вчитува...