Мартинез: Неверојатно е она што ни се случува, жртви сме на трачеви, лажни вести

Белгија утре го игра клучниот натпревар на Мундијалот за пласман во 1/8 финалето. Противник им е Хрватска, во меч кој стартува во 16 часот, и ќе биде одлучувачки кој ќе оди во плеј-офот.

Може да се случи Белгијците кои беа третопласирани на СП во Русија 2018 година, да испаднат уште во групната фаза, ако бидат поразени од „коцкастите“, но она што „виси“ над репрезентацијата се скандали и наводна тепачка во соблекувалната после поразот од Мароко.

„Имавме добар разговор во понеделникот. Потребен беше таков разговор, но не би го нарекол кризен состанок. Веќе на тренинг можеше да се види дека се е во ред. Утре ќе дадеме се од себе за нашата земја, и да поминеме во следната фаза. Ќе се бориме еден за друг и убеден сум дека ќе победиме. Верувам дека имаме квалитет“, рече репрезентативецот Кастањ. 

Селекторот Мартинез демантираше дека имало тепачка, и кажа дека репрезентацијата на Белгија е жртва на лажни вести и трачеви.

„Дозволивме малку повеќе да не водат лажните вести и критиките од надвор. Навистина е неверојатно како некои медиуми во Белгија прикажуваат бран на лажни вести. Ми се чини дека нивниот лов на лајкови е поважен од мирот. Сега мораме да гледаме на себе и да не ги слушаме премногу вестите кои доѓаат однадвор од нашиот камп“, рече Мартинез. 

Сепак, овие зборови на Мартинез се веројатно само смирувачки, со оглед дека вчера голманот Тибо Куртоа објасни дека во соблекувалната постои „крт“ и дека доколку биде фатен ќе биде „тешко него“.

Се вчитува...