Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез не го криеше задоволството од пласманот на неговата селекција во четвртфиналето на ЕВРО 2024.
Мартинез, осврнувајќи се на мечот, искажа бројни зборови пофалби и за капитенот Кристијано Роналдо, и покрај тоа што не успеа да реализира пенал во продолженијата,
Роналдо брзна во плач по промашениот пенал, а Мартинез вели дека тоа е само доказ за неговата големина.
„Кристијано Роналдо е вистински пример за сите спористи, и со својот однос на терен и поради желбата за успех и поради целокупниот ентузијзам кој се уште го дава за тимот. Тој е учесник на шест европски првенства во фудбал, а а амбициите му се на исто ниво како и пред 18 години. Сите во репрезентацијата сме горди сме на нашиот капитен“ – вели Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА