Белгија се пласираше во четвртфиналето од Европското првенство откако славеше против Португалија со 1-0, но на осминафиналниот натпревар остана без Кевин де Бруине и Еден Азар.
Сепак „црвените ѓаволи“ можат да здивнат бидејќи повредата на Азар не е толку сериозна колку што се чинеше во првиот момент и се очекува тој да биде „фит“ за петочниот меч со Италија.
„Првите информации кои ги имаме во врска со Азар од нашите лекари се добри. Сепак во трка сме со времето и ќе биде многу тешко да кажеме дали ќе биде потполнo подготвен. Одиме од ден во ден, ја следиме ситуацијата и се надевам дека ќе биде подготвен за четвртфиналето“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
Четвртфиналниот натпревар во кој Белгија ќе се сретне против Италија е закажан за во петок на „Алијанц Арената“ со почеток од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА