Интер не ги оправда очекувањата на стартот на новата сезона. Актуелниот шампион на Италија игра променливо, а потврда за тоа беше и поразот во градското дерби против Милан од 2-1 и покрај тоа што „нероаѕурите“ беа оние кои на хартија важеа за фаворити.
Говорејќи за медиумите одговорност превзема капитенот Лаутаро Мартинез кој и самиот вели дека виновен бидејќи се уште е без погодок во сезоната.
„Не игравме ако што се подготвувавме. Нашиот пристап не беше правилен од самиот почеток, потоа малку подобар во вториот дел, но повторно недоволно. Имаме многу да подобриме, треба да ги спуштиме главите и да работиме напорно за да го подигнеме нивото на сите.
Јас сум првиот што ја презема одговорноста како капитен. Ја чувствувам таа одговорност и сфаќам дека не го правам она што го направив минатата сезона, заостанувам, но сè што можам да направам е да продолжам да работам за да станам посилен“, вели Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА