Голманот на аргентинската фудбалска репрезентација Емилијано Мартинез упати остри критики кон првата ѕвезда на францускиот фудбал, Килијан Мбапе.
Мбапе во неколку наврати изјави дека европскиот фудбал е далеку поразвиен од тој во Јужна Америка, па затоа и нормално е што последните четири светски првенства ги освојувала токму репрезентација од стариот континент.
Овие зборови го повредија голманот на „гаучосите“ кој го нападна Мбапе велејќи за него дека не разбира фудбал.
„Тој не знае доволно за фудбалот. Никогаш не играл во Јужна Америка. А кога немаш искуство, тогаш е подобро да молчиш. Но, тоа не е важно. Ние сме одличен тим и тоа на сите им е јасно“, изјави Мартинез на прес-конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА