Мартинез: Роналдо е опседнат да биде најдобар, игра на исто ниво 20 години

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез зборуваше за соработката со Кристијано Роналдо. Тој кажа дека напаѓачот е опседнат да биде најдобар, и покрај тоа што веќе 20 години е дел од националниот тим.

Мартинез вели дека Кристијано има многу големо влијание во селекцијата.

„Секој играч во репрезентацијата е посебен и уникатен. Кристијано има влијание. Тоа е заразно. Тој е роден победник. Во националниот тим е 20 години, но и натаму на натпреварите има опсесија да биде најдобар. Иако не е истиот играч како пред 20 години, сепак, се движи одлично. Невозможно е да се спореди со некој друг. Тој игра на исто ниво 20 години“, изјави Мартинез.

Се вчитува...