Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез, верува дека со Франција ќе одиграат величествена четвртфинална пресметка на ЕВРО 2024 во која ќе ужива целиот свет.
И покрај тоа што Португалија се намачи со Словенија во осминафиналето, Мартинез вели дека мечот со „триколорите“ ќе биде сосема поинаков затоа што сосема поразличен е предизвикот за двете селекции.
„Сите сакаме да играме убав фудбал, допадлив за око. Знам дека навивачите очекуваат од нас доминантна игра и многу голови, но работите не се одвиваат секогаш како што планираме. Занеме сега дека Франција ќе ни создаде многу проблеми, но верувајте и ние ним. Не барам перфектна игра, туку само максимална посветеност на секој дел од теренот“ – вели Мартинез пред денешниот дуел кој стартува од 21 часот и дополнува:
„Ова е фазата кога паѓаат маските. И затоа мислам дека ќе биде фудбалски спектакл. Сега сме на големата сцена и мора да го покажеме најдоброто од вас. Се надевам дека ќе одиграме добар меч и на крајот сите заедно ќе се радуваме во победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА