Марушиќ донесе радост на Лацио во 92. минута

Лацио конечно ја прекина серијата слаби резултати со триумф од 2-1 над Сасуоло, прва победа на римскиот клуб по пауза од четири натпревари.

Тимот на Сари повторно се мачеше да го наметне сопствениот ритам на мечот, иако успеа да поведе по само две минути игра преку Малдини.

Сасуоло израмни во првото полувреме преку Лауриенте, по што „лацијалите“ сторија се за да стигнат до трите бода. По неколкуте шромашени шанси, тоа конечно им успеа по победничкиот погодок што го постигна Марушиќ во судиското продолжение.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...