Марушиќ од Воска потпиша со германски Магдебург

Еден од најдобрите фудбалери на Воска спорт минатата сезона, Алекса Марушиќ потпиша за германскиот Магдебург. Од тимот на Воска спорт информираат дека постигнаа договор со тимот на Магдебург од Германија за продажба на напаѓачот, Алекса Марушиќ.

Марушиќ охридскиот тим дојде минатата сезона во која беше најдобар стрелец во Првата фудбалска лига на Македонија, постигнувајќи 17 гола и 3 асистенции.

„Воска спорт му се заблагодарува на Алекса Марушиќ за неговиот голем придонес во нашиот тим, посакувајќи му успех во понатамошната кариера во Германија“, стои во соопштението од Воска. .

Се вчитува...