Фелипе Маса оставри најдобар резултат на стартот од втората четиридневна тест-сесија на патеката „Каталуња“ во Барселона, пред стартот на новата сезона во Формула 1. Бразилскиот ветеран кој реши да ја одложи пензијата и седна во болидот на Вилијамс на местото на Валтери Ботас кој се пресели во тимот на Мерцедес, најави дека се уште може да биде во кругот на најдобрите во Ф1.
На денешните претпладневни тестови, Маса постигна најдобро време од 1:19.726 минута со супермеките гуми на „Пирели“. Бразилецот зад себе на второто место го остави Даниел Рикиардо од Ред Бул. Австралиецот го имаше најбрзиот круг со најбрзите ултрамеки гуми, но тоа не беше доволно за да го престигне Маса.
Трето најдобро време со речиси една минута заостанување зад Маса, постигна Луис Хамилтон, а на четвртото место заврши Себастијан Фетел кој со болидот на Ферари возеше со најтврдите пневматици избрани од „Пирели“ за овој тест.
Четирикратниот светски шампион со Ферари беше далеку од времињата на конкурентите што возеа со помеки гуми, но тој имаше коректен настап со потврдиот сет на пневматици. Германецот направи и најмногу тест-километри во првата серија во која извозе 79 круга.
Новата сезона во Формула 1 стартува на 26 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА