Маса се врати во Вилијамс, Ботас официјално во Мерцедес

Она за кое се шпекулираше во изминатите неколку месеци, денес доби и официјална потврда – Фелипе Маса по два месеци пензија повторно се врати во Формула 1 додека Валтери Ботас од наредната сезона ќе вози во Мерцедес.

Фелипе Маса стави крај на кариерата, оставајќи простор за младиот Ленс Строл во Вилијамс. Веднаш по завршувањето на сезоната, Нико Розберг како актуелен шампион објави дека се повлекува од најбрзиот циркус во светот со што се испразни место и во Мерцедес. Тото ВОлф, тимскиот шеф на „сребрените стрели“ не чекаше за да покаже интерес за финскиот возач на Вилијамс кој од денес и официјално е дел од германскиот тим.

„Неизмерна е нашата среќа во Вилијамс што Фелипе одлучи и оваа сезона да вози со нас. Овој потег се чинеше како најлогичен за сите нас. Во исто време, сакаме да му посакаме среќа и на Валтер Ботас во Мерцедес и да му се заблагодариме за сиот придонес во изминатите две сезони“ – истакна Клер Вилијамс ставајќи крај на сите гласини за тоа кој ќе биде дел од Вилијамс во наредната сезона.

Претходно се шпекулираше за Паскал Верлејн како можен тимски колега на Луис Хамилтон, но до тоа нема да дојде откако Верлејн одлучи да ја продолжи својата кариера во Заубер.

 

Се вчитува...