Маса со својот адвокатски тим тргнува по титулата на Хамилтон од 2008 година

Бразилскиот возач Фелипе Маса откри дека е во процес на проценка дали постојат правни начини на кои би можел да влијае на исходот на шампионатот во Формула 1 во 2008 година. Тогаш шампионатот го освои Британецот Луис Хамилтон, а клучниот детал беше несреќата за време на трката за Големата награда на Сингапур.

Таа трка е позната по инцидентот предизвикан намерно од Нелсон Пике Џуниор, поради што безбедносното возило излезе на патеката. На овој начин му помогна на тогашниот колега од Рено, Фернандо Алонсо да победи.

Покрај тоа, поради излегувањето на безбедносното возило, пит-стопот на Маса имаше големи последици. Тој отиде во боксот како првопласиран, а се врати на 13. место и загуби клучни поени во трката за титулата. Неговиот главен конкурент, Луис Хамилтон, заврши на третото место и на крајот ја освои својата прва титула благодарение на таа случка.

По трката за Големата награда на Бразил, последна од таа сезона, Хамилтон имаше само бод повеќе од Маса, па дефинитивно може да се каже дека инцидентот во Сингапур го реши прашањето за шампионот.

Се вчитува...