Во најновиот спортски подкаст „ПРЕСИНГ со Дарко Панчев“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ зборувајќи за соработката со фудбалските легенди кои се приклучија на федерацијата, потенцираше и дека Дарко Панчев е секогаш добредојден во Фудбалската федерација на Македонија.
Омерагиќ нагласи дека е одлична соработката и со Горан Пандев, Илија Најдоски, Ѓорѓи Христов, Агим Ибраими, Игор Митрески…, но и останатите фудбалски лица, но секако посакува дополнување на фудбалските структури и со останатите имиња кои оставиле силна трага во македонскиот фудбал, меѓу нив и најголемото македонско фудбалско име.
„Соработката со Пандев, Најдоски, Христов, Ибраими, Митрески е одлична… Вратите на фудбалската федерација се отворени за македонските фудбалски легенди. Дарко Панчев е секогаш добредојден во ФФМ, ние разговараме и со Николче Новески во моментов за приклучување. Јас сакам да бидеме тим, отворено и искрено сите заедно да работиме за доброто на македонскиот фудбал. Затоа што, на крајот на краиштата, државата е наша, репрезентацијата е наша, заедничка….“ – вели, меѓу другото, Масар Омерагиќ.
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ СО ДАРКО ПАНЧЕВ“ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

