Масар Омерагиќ едногласно доби четиригодишен мандат на чело на ФФМ

Масар Омерагиќ доби едногласна доверба со акламација да го води македонскиот фудбал во следните четири години на денешното редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

На самиот почеток на Собранието имаше обраќање од претседателот Масар Омерагиќ, но и од преставници на ФИФА и УЕФА кои беа присутни на собранието.

Откако беше утврдено дека има кворум за учество на Собранието се почна со работа по дневниот ред. Откако сите точки беа разгледани и прифатени се премина кон гласање.

Од вкупно 65 делегати присутни на собранието, Масер Омерагиќ едногласно со акламација беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

„Денеска по речиси три месеци од преземањето на функција пред вас стојам со обврска да ви се обратам отворено искрено и одговорно. Свесен бев дека ме чекаат големи предизвици, но ситуацијата беше полоша од очекуваното. Факт е дека федерацијата во последните две години имала повеќе расходи од приходи. Федерацијата е во минус од скоро еден милион евра. Фудбалската академија се соочуваше со сериозни предизвици и пробиен буџет. Стадионите и терените кои требаше да бидат одобрени се уште немаат соодветни услови. СЕпак, во овој период имавме и светла точка во А-репрезентацијата која покажа дека со заедничка работа можеме да донесеме успеси. Но, место да се навраќаме на минатото наша должност е да гледаме напред. Нова стратегија за инвестиции во реалните проблеми на клубовите. Строг надзор на трошењето на средставата за да се осигураме дека инвестициите одат на право место. Наша цел е да изградиме транспарентна федерација. ПРед нас е многу работа, но ве уверувам дека ова ќе биде професионална федерација која ќе работи во интерес на мак-фудбалот. ФФМ има обврска да ја врати довербата кај сите што се дел од овој спорт. Работиме на нова генерална стратегија. Без силни млади категории нема иднина“, изјави Омерагиќ. 

Се вчитува...