Масар Омерагиќ, како кандидат на ОФС Свети Николе, и официјално предложен за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното Изборно собрание кое треба да се одржи на 22. декември.
На денешното Вонредно годишно собрание на ОФС Свети Николе, со едногласна одлука на делегатите со 16 гласа ЗА, како предлог за Претседател на ФФМ овој го предложи Масар Омерагиќ., чија кандидатура сега добива официјален статус.
Омерагиќ се очекува да биде единствен кандидат на престојното Изборно Собрание по повлекувањето на Муамед Сејдини од претседателската функција на 17. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА