Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вчера присуствувајќи на официјалниот тренинг на македонската репрезентација пред стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на СП 2026 искажа отворена желба за нов успешен циклус на националниот тим по одличните настапи во Лигата на нациите.
Но, првиот човек на ФФМ вели дека овој квалификациски циклус треба да биде многу повеќе од само фудбалска битка.
„Нека овој квалификациски циклус не биде само фудбалска битка, туку и симбол на нашата решителност и заедништво“ – вели Омерагиќ пред денешниот натпревар со Лихтенштајн во Вадуц и стартот на квалификациите за СП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА