Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Вардар, Дени Масев треба да биде новиот менаџер во сениорската репрезентација на Македонија за настапите на националниот тим во Лигата на нациите.
На денешниот состанок на УО на ФФМ, разрешен е досегашниот менаџер на сениорите Саша Ќириќ по што отворен е простор за именувањето на Масев кој е најсериозниот кандидат за негов наследник. Ќириќ во иднина се очекува да извршува една од функцијата во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија.
Саша Ќириќ најпрво беше спортски директор во младата репрезентација на Македонија, од каде подоцна се пресели во сениорскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА