Масевски „џокер“ за победа на Силекс во Ѓорче Петров (ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дамјан Масевски е „џокерот“ на Силекс за големи три бода од Ѓорче Петров во 8. коло во ПМФЛ. Кратовци и покрај тоа што имаа играч помалку, беа блиску до негатива, но откако се одбранија, нововлезениот фудбалер погоди во мрежата на Македонија ЃП.

Беше тоа во 80. минута, во многу незгоден момент, по изведен корнер на Марјан Ристевски, и грешката на голманот Стевковски и на одбраната на Македонија ЃП, Масевски од непосредна близина донесе водство и победа за тимот од Кратово.

Голем хендикеп за ѓорчепетровци беше исклучувањето на Стефан Лазаревиќ во 28. минута, кој доби два жолти картони во само две минути. Но, и во таква ситуација Македонија ЃП беше блиску до водство. Љамалари спасуваше од гол линијата во првиот дел, а во вториот Стојкоски ја погоди пречката од слободен удар.

Во финишот Македонија ЃП се обиде да израмни, но кратовци успеаја да се одбранат и да освојат големи три бода, со кои ја продолжуваат трката за врвот на табелата. Ова беше прв триумф на Силекс на гостински терен сезонава, после поразот од Струга ТЛ и „ремито“ со Шкендија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МЕЧОТ:

Се вчитува...