Македонскиот репрезентативец Енис Барди без сомнени се издвои како еден од најдобрите поединци во синоќешната победа на Леванте од 3-0 против Реал Сосиедад.
Покрај извонредниот погодок од слободен удар во 88. минута, за кој не треба да се трошат зборови, Барди се издвои и согласно статистичките показатели на теренот.
Македонскиот фудбалер беше со најголема истрчана километража на теренот на синоќешниот дуел, заокружувајќи 12,1 километри за 90 минути.
Претходно, откако Иви, пак, се намести да го изведе слободниот удар, мораше да се повлече по скандирањето „Барди, Барди…“, од страна на навивачите на Леванте… И на крајот Енис Барди им се заблагодари со нова мајсторија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА