Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос со 3-0 во сетови. Тенисерот број еден на планетата победи со 6-4, 7-5, 7-6 и со тоа закажа финале со Карлос Алкараз.
Ова беше четврта последователна победа на Синер над Ѓоковиќ, петта вкупно во деветтата меѓусебна средба.
Новак имаше свои шанси на оваа средба, но Италијанецот беше едноставно подобар во клучните моменти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

