„Машки свет“ – нова емисија, со уникатна и оригинална содржина наменета за мажи?!

Официјално! Во понеделникот започна проектот „Машки свет“, најновата емисија со уникатна и оригинална содржина наменета „за мажи“?!

Машки свет

Емисијата е конципирана да има најразлични содржини, од гостувања на познати личности и нивната дегустација на екстремно лутите ајвари, до совети на стил и начин на живот преку вежбање и исхрана. Сега може да се дознаат сите финеси при избирањето на облеката, кој колку ќе го „јаде“ од 1 до 10, но и по нешто за здравје и фитнес.

 

„Кога го чув концептот за емисијата, веднаш се пронајдов. Ми се допаѓа свежината која е предвидена да се внесе во медиумскиот етер и затоа прифатив за прв пат да учествувам во проект кој ќе се емитува на социјалните мрежи и YouTube. Мислам дека емисијата ќе понуди разноврсност од содржини, во кои секој еден ќе може да се пронајде“ – изјави водителот Димитар Атанасовски.

Во првата епизода од #ЌеГоЈадеш на Димитар Атанасовски друштво му правеше ТВ и радио водителот Марко Новески кој машки издржа до најлутиот ајвар. А за тоа како го направи тоа може да видите на:

Иако „Машки свет“ само што започна, веќе утре е втората епизода. По тоа што можевме да видиме од првата, сигурни сме дека нe очекува нешто многу уникатно.

Самата емисија објавува епизоди секој понеделник, среда и петок. Тие се поделени во неколку концепти каде во понеделник ќе се објавува #ЌеГоЈадеш, во среда во #МашкиСвет ќе гледате нешто повеќе за lifestyle и петок за здравје и фитнес во #ПодоброЗдравје со Жарко Батиќ.

Автори на емисијата се Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, продуцент е Синиша Илијевски, а во улога на водители се појавуваат Димитар Атанасовски и Жарко Батиќ.

Се вчитува...