Францускиот првак Пари Сен Жермен не ја стартуваше совршено новата сезона во домашниот шампионат и нанижа два порази во седум кола. Тоа е веќе сигнал за аларм на „Паркот на принцовите“ и се активираат разговорите за промена на тренерската позиција. Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус и на Милан е првиот пик на спортскиот директор Леонардо и информациите велат дека преговорите се веќе стартувани.
Италијанскиот стратег чека нов „кикс“ на Томас Тухел кој се соочува и со многу повредени фудбалери во тимот. ПСЖ денеска му гостува на Бордо и евентуален нов неуспех би можел да значи и крај на престојот во Париз за германскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА