Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, е изненаден што управата на клубот се уште му укажува доверба на Филипо Инзаги и покрај катастрофалната серија резултати во Калчо-лигата.
Јасно е дека само добрите резултати на тимот во Лигата на Шампионите го задржуваат Инзаги на кормилото, но прашање е дали тоа ќе биде доволно за екс-стратегот на Лацио да се задржи на чело на „нероаѕурите“ и во текот на летниот период.
„Сите со нетрпение го исчекуваме тој реванш со Бенфика, бидејќи тоа е најзначајниот меч за нас, со оглед на фактот дека ни оди толку лошо во Калчо-лигата. Притисокот секогаш е голем кога се има квалитетен тим во амбициозен проект каков што е Интер. Да бидам искрен, ако јас се уште бев газда, одамна ќе му дадев отказ на Симоне Инзаги бидејќи не можам да трпам повеќе од два-три слаби натпревари. Можеби и ќе погрешев, но секако тој веќе немаше да биде тренер на Интер“, истакна Морати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА